Македонија Спасовски за воените вежби кај Идомени: Тоа што прави Грција е нејзина...

Спасовски за воените вежби кај Идомени: Тоа што прави Грција е нејзина работа

Одговарајќи на новинарско прашање дали на некој начин македонската полиција ќе возврати на акцијата на грчката војска, Спасовски рече дека добро соработуваат со грчката полиција и дека само со меѓусебна координација може да се зачува безбедноста на границите.

– Сите одлуки на грчките полициски власти за тоа какви активности преземаат на нивна територија е нивна работа. Нашата соработка е добра и само со координација вчера успеавме да спречиме инциденти на македонско-грчката граница – додаде Спасовски.