Македонија Спасовски во Велес: Секој што направил криминал ќе одговара

Спасовски во Велес: Секој што направил криминал ќе одговара

Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Велес, рече дека новата влада предводена од СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.

– СДСМ е во борба против криминалот и корупцијата, кои се одомаќинија во изминатите 10 години. Сакам да упатам јасна порака, новата влада предводена од СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Секој оној, без разлика на политичката припадност, што сторил криминал, се збогатил на грбот на граѓаните, ќе одговара. Законот ќе важи за сите и нема да има никаков компромис. Мораме да ставиме крај на оваа расипничка власт и да ги вратиме вистинските вредности: слобода, солидарност, правда. Мораме да си ја вратиме назад државата, која е узурпирана од оваа мала група на власт. Тоа е она за што мораме сите да се бориме – рече Спасовски.

Спасовски пред велешани истакна дека избори ќе има откако ќе биде прочистен избирачкиот список и кога ќе има фер и слободни медиуми што ќе овозможат волјата на граѓаните да бидат почитувана во целост.