Македонија Спасовски: Не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ го крши Договорот од Пржино. Помошниците специјални обвинители сè уште не се избрани, а специјалната обвинителка не може да почне со работа“, обвини на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој рече дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да се соочи со одговорност.

– Нема договор за законот за влада со кој се предвидени надлежностите на министрите и на замениците-министри. Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ се плашат да не бидат откриени сите нивни криминали – рече Спасов.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е вистина дека СДСМ во текот на преговорите барале амнестија за Верушевски, Спасовски одговори дека тоа е чиста шпекулација и очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да издејствува амнестија за своите членови. Но, „тука дебело се излажале“, рече тој.

На прашањето за обвинувањата на Милошоски дека СДСМ се неконструктивни и ги кочат преговорите, Спасовски вели дека е евидентно кој ги кочи.

– Околу предлозите што ги даваме на преговорите, не бараме нишо повеќе од она што е предвидено со Договорот од Пржино, ниту прифаќаме нешто помалку. Со министрите и со замениците-министри кои треба да бидат назначени, не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку да се погрижими да се создадат услови за фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствениот виновник доколку Македонија ја изгуби препораката – изјави Спасовски.

Тој рече дека и денеска се одржуваат билатерални средби и дека од СДСМ се подготвени да продолжат со разговорите за да се постигне некаков договор.