Дописници Спасовски го разреши началникот во одделението за полиција во СВР Охрид

Спасовски го разреши началникот во одделението за полиција во СВР Охрид

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го разреши началникот во одделение за полиција во СВР Охрид, Жарко Лазороски.

– Одлуката на министерот Спасовски има важност од 21 декември оваа година – соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Жарко Лазороски на местото началник во одделение за полиција во СВР Охрид, беше поставен со наредба од привремен карактер, а поради истекување на нејзината важност, на сила стапува одлуката од министерот испратена денеска до началникот на СВР во Охрид.

До назначување на ново кадровско решение на истата позиција, работните задачи ќе ги извршува помошник-началникот во одделението за полиција во СВР во Охрид, Велко Спространов.