Македонија Спасено лице од Англија што од карпа паднало во Охридското Езеро

Спасено лице од Англија што од карпа паднало во Охридското Езеро

По несреќата, на посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, кои го извлекле лицето

Фото: Мета.мк

Несреќа се случила денеска во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје – едно лице паднало од карпа во водите на езерото и се здобило со повреди.

По несреќата, на посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, кои го извлекле лицето.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за 45-годишниот С.М.А. од Англија.

Лекарите кај него констатирале телесни повреди, по што бил транспортиран до Езерската полиција, а од таму бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.