Свет Европа Спасени 247 илегални мигранти кај брегот на Либија

Спасени 247 илегални мигранти кај брегот на Либија

Вкупно 247 илегални мигранти вчера се спасени од брод во Средоземно Море, кој пловел во близина на брегот на Либија, соопштија италијанските власти, без притоа да откријат повеќе детали.

Како што јавуваат италијанските медиуми, 334 мигранти кои во петокот беа спасени се транспортирани до пристаништето Аугуста на островот Сицилија.