Македонија Спасен далматинец кој паднал во Вардар

Спасен далматинец кој паднал во Вардар

Од „Лајка“ апелираат до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво

Фото: ЈП „Лајка“

Несекојдневна спасувачка мисија имал тимот на на јавното претпријатие „Лајка“. Ккао што информираат оттаму, ветеринари и заловувачи викендов спасиле далматинец кој се наоѓал во водите на реката Вардар.

„Беше пријавено и лоцирано куче од расата далматинец паднато во реката Вардар , уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација. Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се до пронаоѓањето на сопствениците. Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее“, наведено е во соопштението на претпријатитето.

Фото: ЈП „Лајка“

Од „Лајка“ апелираат до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво.