Економија Советникот на Тевдовски, Бранимир Јовановиќ се повлекува од Министерството

Советникот на Тевдовски, Бранимир Јовановиќ се повлекува од Министерството

Бранимир Јовановиќ, советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски, по скоро две години работа се повлекува од Министерството за финансии, објави тој на неговиот фејсбук-профил.

Одлуката, како што вели, ја донел пред некое време, но не сакал да ја објави додека не поминат изборите.

„Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии. Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам“, вели Јовановиќ.