Свет Балкан Социјалистичката партија даде предлози за реформи на изборниот законик на Албанија

Социјалистичката партија даде предлози за реформи на изборниот законик на Албанија

Додека специјалната комисија за изборните реформи сè уште не почнала да ги применува промените на изборниот законик, Социјалистичката партија на Албанија ги подготви своите предлози за измени во законската регулатива за изборите.

Освен измените со кои им се овозможува да гласаат на албанските иселеници, Социјалистичката партија побара половична или целосна деполитизација на работата на второ и на трето ниво, но не и на Централната избирачка комисија.

СП предложи одговорното тело за спроведување на изборите да има поголема улога во обезбедувањето транспарентност на финансирањето на политичките партии за време на изборите.

Иако Социјалистичката партија претходно призна дека нема време за завршување на барањата на опозицијата за електронско гласање и броење, сепак предложи тоа да се спроведе како пилот-проект.