Хроника Сопственикот на „Велково меанче“ и на „Кул“ тврди дека не добивал закани

Сопственикот на „Велково меанче“ и на „Кул“ тврди дека не добивал закани

Сопственикот на кафеаната „Велково меанче“ и на кафулето „Кул“ , кои изгореа во пожар, во разговор со полицијата рекол дека не добивал закани или дека некој се обидувал да изнуди пари од него, пренесува телевизија „Телма“, повикувајќи се на информации од МВР.

Од МВР велат дека бил извршен увид и засега е рано да се кажат причините и да се претпоставува евентуална поврзаност на двата пожари.

Вчера попладне во пожар изгоре дел од потпокривот на „Велково меанче“, а утрово, околу 3 часот, целосно изгоре кафулето „Кул“ во ТЦ „Бисер“, во населбата Аеродром.