Македонија Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег врне на Буково, Плeтвар...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег врне на Буково, Плeтвар и на Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, кој не се здржува на коловозот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Надлежните апелираат на внимателно возење и на прилагодување на брзината кон условите на патот.