Македонија Сообраќајот се одвива по суви коловози освен по осојничавите места

Сообраќајот се одвива по суви коловози освен по осојничавите места

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила, а граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.