Македонија Сообраќајот надвор од градските средини е умерен и се одвива по влажни...

Сообраќајот надвор од градските средини е умерен и се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Според АМСМ, оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15 ноември, на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, независно од моменталната временска состојба.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на брзината на возилата според условите на патот.