Македонија Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

Сообраќајот на патото А2, на релација Кичево – Охрид, денеска ќе биде во прекин 15 до 20 минути во периодот меѓу 13 и 15 часот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

„Денеска, 17 ноември, поради изведување на работи на пат (минирање), на патот А2, Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 13 и 15 часот“, стои во информацијата од (АМСМ).

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, велат од АМСМ и ги советуваат возачите особено да внимаваат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.