Македонија Сообраќајот на патот Кичево – Охрид ќе биде во прекин в понеделник

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид ќе биде во прекин в понеделник

Од АМСМ соопштуваат дека в понеделник, сообраќајот на патот Кичево – Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, во одредени периоди од денот ќе биде во прекин.

Прекинот ќе биде во периодот меѓу 12 и 14 часот и меѓу 15 и 17 часот во траење од 15 до 20 минути заради минирање на патот.