Хроника Сообраќајна несреќа во близина на Прилеп

Сообраќајна несреќа во близина на Прилеп

Вчеравечер, околу полноќ, на регионалниот пат Прилеп – село Клепач,  автомобил излетал од патот.

Возачот на автомобилот избегал од местото на настанот, оставајќи го оштетеното возило на местото на несреќата, за кое подоцна  е утврдено дека не е регистрирано, а регистарските таблички на возилото се лажни и не припаѓаат на тоа возило.

Полицијата трага по сопственикот на возилото.