Хроника Сообраќајна несреќа кај Крива Паланка, две лица се потешко повредени

Сообраќајна несреќа кај Крива Паланка, две лица се потешко повредени

Во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 10.15 часот кај местото Чешмиче, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, две лице се потешко повредени.

Сообраќајот сè уште е во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

Во несреќата учествувало теренско возило „тојота“ со косовски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., и автомобил „рено меган“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од И.С. (52). Во „реното“ се наоѓале и двајца сопатници, 46-годишна жена и А.С. (19).