Хроника Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар и опожарено возило на патот Штип-Неготино

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар и опожарено возило на патот Штип-Неготино

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово од 18.30 часот е во прекин поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ додаваат дека од 17.50 часот на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над село Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.