Македонија Сончево време со умерена облачност и ветер

Сончево време со умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, додека во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд.

Утринската температура се движеше од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 22 и 30 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, со температура од 11 до 27 Целзиусови степени.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, а до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер.

Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.