Македонија Сончево време со температура до 28 степени

Сончево време со температура до 28 степени

Претежно сончево и свежо утро имаме денеска во Македонија, со утринска температура која е пониска од вообичаените за овој период од годината.

Околу пладне, прво во западните, а потоа и во другите предели ќе има зголемување на облачноста, која во попладневните часови ќе создаде услови за врнежи од дожд и за грмотевици.

Утринската температура ќе се движи до 15 Целзиусови степени, додека максималната дневна ќе достигне 28 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со можни врнежи од дожд во попладневните часови, а температурата ќе се движи 26 Целзиусови степени.