Македонија Сончево време, со температура до 22 степени

Сончево време, со температура до 22 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со мала локална облачност, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура се движи од -6 до 3 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура до 18 Целзиусови степени.