Македонија Сончево време, со температура до 11 степени

Сончево време, со температура до 11 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 10 до минус три Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од нула до 11 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до осум Целзиусови степени.

За време на викендот синоптичарите најавуваат стабилно и суво време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, а ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и снег.