Македонија Сончево време со пролетна температура – до 22 степена

Сончево време со пролетна температура – до 22 степена

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени.

Утре во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. В сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Врнежите со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а температурите ќе бидат во опаѓање.