Македонија Сончево време со мала локална облачност

Сончево време со мала локална облачност

Времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината.

Зголемено наоблачување ќе има во ноќните часови, особено во крајните западни делови, каде ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 22 степени.