Македонија Сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер на југоистокот

Сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер на југоистокот

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, откако ноќеска падна снег во голем број населени места, како и првиот снег во Скопје. Утринава имаше услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата.

Преку денот облачноста ќе се намалува и сончево ќе биде особено на југоистокот, каде исто така повремено ќе дува засилен северозападен ветер.

Утринската температура се движеше од -2 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 3 и 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а дневната температура ќе се искачи најмногу до 6 Целзиусови степени.

Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток. Ново наоблачување со изгледи за поинтензивни врнежи се очекуваат за време на следниот викенд.