Македонија Сончево време со ветер и температура до 33 степени

Сончево време со ветер и температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се зсилува и ќе предизвика намалување на дневните температури.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ке достигне од 21 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер