Македонија Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови сè уште ќе има услови за слаб локален дожд, а во текот на денот облачноста насекаде ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието – умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, со слаб до умерен северен ветер и со температура до 8 Целзиусови степени.

Слаби локални врнежи од дожд и од снег се очекуваат утре во вечерните часови и в петок претпладне, а температурата ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено, со пониска дневна температура, а утринската во поголем дел од земјата ќе биде под нулата.