Македонија Сончево со умерена локална облачност

Сончево со умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови од земјава повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време температура до 15 Целзиусови степени.

И в сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура в сабота ќе се движи од минус 4 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 20 степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 20 степени. Дневната температура ќе биде во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела и ќе се движи во интервал од 15 до 22 Целзиусови степени.