Македонија Сончево со температура до 34 степени

Сончево со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 8.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност со температура до 31 Целзусови степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Во среда и четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.