Македонија Сончево со температура до 30 степени

Сончево со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе изразен во Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околионата ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 Целзиусови степени.

Слично време ќе има и во сабота кога температурата ќе се движи во интервалот од 25 до 32 Целзиусови степена, а УВ-индексот ќе има вредност 8. Веќе од недела се очекува зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни на југозапад и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу пет степени и ќе се движи од 20 до 28 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од понеделник повторно ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура. УВ-индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 9.