Македонија Сончево со температура до 28 степени

Сончево со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивна утринска температура, а максималната ќе биде над просекот за овој период од годината.