Македонија Сончево со температура до 28 степени

Сончево со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до осум Целзиусови степени, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево со мала локална облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови.