Македонија Сончево со температура до 17 степени

Сончево со температура до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во источните делови од земјава и долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 14 Целзиусови степени.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено, со ниска утринска температура која на повеќе места ќе се спушти под нулата. Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување.