Македонија Сончево со температура до 16 степени

Сончево со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината.

Дневните температури ќе се движат од минус четири наутро до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време. Минималната температура ќе се спушти од минус еден, а максималната ќе се искачи до 13 степени.

Стабилното и суво време ќе се задржи до среда. Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини. Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад.