Македонија Сончево со мала облачност, попладне дожд

Сончево со мала облачност, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Температурата во текот на денот ќе се движи меѓу 29 и 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.