Македонија Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе се движи од 19 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Од недела ќе се задржи стабилно време, но температурите постепено ќе опаѓаат.