Македонија Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 3 Целзиусови степени, а максималната од 5 до 11 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура од нула до 8 Целзиусови степени.

До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Утринската температура на некои места ќе биде негативна, најниска во вторник, од минус 6 до 2 Целзиусови степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во пораст, како и дневната која во петок ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени.