Македонија Сончево и топло време со повремен слаб ветер

Сончево и топло време со повремен слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и ќе дува слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи 36 степени.
УВ-индексот ќе биде висок и ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе преовладува слично време, со утринска температура до 16 Целзиусови степени и дневна до 35 степени.

Од денеска до вторник, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекува да има секојдневен пораст на дневната температура, која за време на викендот ќе достигне и до 40 степени. УВ-индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.