Македонија Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од северен правец.

Минималните температури се движеа од 3 до 9 Целзиусови степени, додека максималните во текот на денот ќе изнесуваат меѓу 22 и 30 степени. УВ индексот е 7.

Во Скопје исто така сончево и топло време, со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на релативно топло време со пораст на утринските температури. Утре ќе се задржи претежно сончево, а од вторник во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.