Македонија Сончево и топло време денеска

Сончево и топло време денеска

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 9.

Утринските температури се движеа од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневните ќе изнесуваат меѓу 27 и 34 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и топло време.

В петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот на Македонија и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер.

За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи и ќе дува повремено засилен северен ветер.