Македонија Сончево и топло со температура до 34 степени

Сончево и топло со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и на грмежи. Минималната температура ќе се движи од осум до 14 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура од 13 до 32 Целзиусови степена.

Позначајно дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне, па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и со засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне.