Македонија Сончев ден со мала облачност денеска

Сончев ден со мала облачност денеска

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне 6 Целзиусови степени.