Дописници Софискиот камерен оркестар ќе настапи на „Охридско лето“

Софискиот камерен оркестар ќе настапи на „Охридско лето“

АГБУ Софиски камерен оркестар ќе настапи вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“. Оркестарот ќе музицира под диригентство на Бедрос Папазјан од Бугарија, со солистите Филип Маџунков од Србија на пијано и Софија Никоска од Македонија на виолина.

Оркестарот е формиран во 2006 година, по повод 100 години од основањето на организацијата „Парекордзаган“, за да се популаризираат ерменската и бугарската музичка култура, дострелите на класичната музика, како и дела од современите автори.