Македонија Сочниот јазик на Јанкулоска од 20. „бомба“: Тешко ѓубре, луда банда, ја...

Сочниот јазик на Јанкулоска од 20. „бомба“: Тешко ѓубре, луда банда, ја не сум будала

Аудиоснимките од дваесеттата „бомба“ според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажуваат дека власта вработувала партиски кадри во државните институции, а министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, била прв извршител со списоци за вработување во сите области.

  • А, тој, па, претседателот на синдикат, му е татко на еден ватерполист, ја знаеш со ватерполистиве… Ха ха…
  • Да му завршеше работа, имаше простор све законски, ја не сум будала да му барам нешо незаконски…
  • Да видиме кои се луѓево, да не се ептен комуњари…
  • Треба да видиме, по мене, уште некој комуњар да не имаме, така… непрераспореден, да не ги забораиме… Сега му е мајката…
  • Е, па, сега му е мајката да ги исчистиме…
  • И ако има галама, на почеток на мандат е, ќе стегнеме заби, ќе истрпиме и после – четири години на раат…
  • А у суфицит да ги зачукаме сите шо тужат…
  • Па нека идат нека работат у „Македонски шуми“ и нека си тужат…
  • Да им дојде паметот да знаат другите. И така тие, мислам, не се вака некој јак кадар, УБК да пропадне без нив…
  • И ќе им ги укинеме работните места, па нека кршат глава…
  • Е, па, добро, значи тука можеме некого да удомиме…
  • Да, да, сеа ве слушам, прво нишо не се слушаше… Затоа викам ало, ало, повеќепати…
  • Па да го стаиме у СОЗР, ако тие работи работи, шофер, ова-она. А?
  • Мислам, не знам ни за кое чоече ми збориш, ама…
  • Пак треба да е негде кај што ќе може да не оди на работа…
  • Или да го стаиме… па нешто, да куца картица негде треба, така? Ха ха…
  • Или да го стаиме кај мене у возен парк. Па, може и кај мене по некоја работа да подзавршува и за у штаб. И така на возен парк началникот ни е…
  • Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки… он си прима кого сака…
  • Не е точно… значи он и кај докторите си ги прими, он шо си ги сакаше луѓето, сеа пак си бута свои кој му текне вака непотистички…
  • Тој, тешко ѓубре е тој чоек…
  • Знаеш кој? Од Кичево оној, вицко еден, така, помлад што е…
  • Па, таа ја квалификувавме како наша.
  • Абе, знаеш таму луда банда се, ама тие се тие за наши шо ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
  • Абе како може така, ние не сме го стаиле зошо е најубав таму…