Главна секција Собраниски комисии ќе ги разгледуваат Законот за ОТА и законот за следење...

Собраниски комисии ќе ги разгледуваат Законот за ОТА и законот за следење на комуникациите

Предлог-закон за следење на комуникациите во второ читање и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА) во второ читање денеска во 13 часот ќе се најдат на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Овие два закони ќе бидат разгледувани и на седницата на законодавно-правната собраниска Комисија.

Во 11 часот на Комисијата за образование, наука и спорт ќе има јавна расправа за Предлог-законот за високо образование.