Македонија Собраниската комисија го изгласа предлог-законот за високо образование

Собраниската комисија го изгласа предлог-законот за високо образование

Собраниската Комисија за образование го изгласа предлог-законот за високо образование со девет гласа „за“, со ниту еден „против“ или „воздржан“.

Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, истакна дека државниот испит нема да важи за сегашните студенти.

На предлог-законот најжестоко се спротивстави пратеничката Солза Грчева, според која, тој е скандалозен и противуставен. Таа по говорот ја напушти седницата, истакнувајќи дека оди да се приклучи на протестот на студентите.