Македонија Собраниската комисија за извештајот на СЈО одложена за утре

Собраниската комисија за извештајот на СЈО одложена за утре

И денешната седница на Собраниската комисија за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, не се одржа. Повторно, на седницата не дојде ниту еден претставник на СЈО.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев, ја одложи седницата за утре во 13 часот.

Од Специјалното обвинителство велат дека немаат законска обврска да присуствуваат на разгледување на извештајот, а од собраниските служби и од Советот на јавни обвинители постојано се праќаат покани.

За утре е закажана и седницата на Советот на јавни обвинители, на која ќе се разгледува извештајот на СЈО. Специјалната обвинителка Катица Јанева не присуствува и на овие седници.