Македонија Собраниската комисија ги усвои законите за образованието

Собраниската комисија ги усвои законите за образованието

Собраниската комисија за образование, наука и спорт околу три часот по полноќ го изгласа во второ читање целиот пакет реформи во основното, средното и за високото образование, Законот за педагошки факултет, Законот за наставници во основно и во средно образование, Законот за формирање академија на наставници и предлог – законот за обука на директори на средни и на основни училишта и на предшколски установи, јавува порталот „Нова ТВ“.

Комисијата ги разгледа и ги отфрли 150 амандмани, од кои најголемиот дел се однесуваа на предложените измени на Законот за високо образование.

Седницата на Комисијата почна вчера во 10 часот, а по повеќето неколкучасовни паузи, утринава во три часот заврши со работа. Предложените закони наскоро треба да се најдат пред пратениците во Собранието.