Македонија Собранието ќе подготви извештај за присуство на пратениците на СДСМ

Собранието ќе подготви извештај за присуство на пратениците на СДСМ

На координацијата на координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, претсдеталот Трајко Вељаноски го задолжи собранискиот секретар до понеделник да подготви извештај за присуството на седниците на сите 23 пратеници.

На координацијата присуствувале координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА.
Овој чекор е почеток на постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ.
Откако ќе биде подготвен извештајот, Вељаноски треба да ја задолжи Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да решава за отсуство на пратнеиците на СДСМ. Доколку Комисијата донесе одлука за одземање на мандатите, таа ќе биде ставена пред пратениците на пленарна седница, а за една оставка да биде прифатена, потребно е двотретинско мнозинство.
Пратеницие на СДСМ го бојкотираат Собранието уште од неговото конституриање. Тие веќе поднесоа и писмени оставки до Собранието, но спикерот Вељаноски не ги стави на седница, очекувајќи договор меѓу двете најголеми партии.