Македонија Собранието ќе ја продолжи 31. седница

Собранието ќе ја продолжи 31. седница

Законот за парнична постапка и Законот за Народен правобранител, неколку законски решенија по скратена постапка од областа на железничката и на патната инфраструктура, предлог-законот за комплементарна и алтернативна медицина, ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието.

Исто така, народните избраници ќе ја разгледуваат и предлог-одлуката за давање согласност на статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, како и неколку автентични толкувања на членови од закони.

За денеска нема предвидено седници на собраниски комиси.